Ќе се врши трето прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција

Ќе се врши трето прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција

Се известуваат граѓаните дека согласно направениот план на активности за третото прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција, истото во Општина Струмица ќе се изврши во текот на наредните денови:

-На 10.08.2023 година (четврток),  со почеток во 18.00 часот, во населените места ќе се изврши прскање против возрасни комарци

-На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција

-На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 22.00 часот, во град Струмица ќе се изврши прскање против возрасни комарци.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.