Ќе се реконструира тунелското осветлување во подземната сообраќајница

Ќе се реконструира тунелското осветлување во подземната сообраќајница

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги известува граѓаните дека од 08.08.2023 година ќе започне со реконструкција, односно замена на тунелското осветлување на подземната сообраќајница под плоштадот „Гоце Делчев“.

Реконструкцијата е дел од јавна набавка, а целта е да се подобри функционалноста на тунелското осветлување и да се обезбеди подобра фотометриска распределба на осветлувањето. Изведувач на работите е фирмата Дигитал од Струмица.

Работите ќе отпочнат од улицата „Моша Пијаде“ (влезот на тунелот) до пресек со улицата „Невена Стојкова“ и булеварот „Маршал Тито“, односно до вертикалната сигнализација – семафорите во подземната сообраќајница и согласно тековните ангажмани ќе продолжат кон улицата „Невена Стојкова“ и кон булеварот „Маршал Тито“ со што повремено ќе бидат затворени пристапните точки во текот на работата.