Се врши дезинфекција и во населените места

Се врши дезинфекција и во населените места

Општина Струмица заедно Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица, продолжуваат со активностите за превенција од ширењето на корона вирусот. Покрај секојдневната дезинфекција на улиците во градот, денеска, се дезинфекцираа и улиците во населените места Градско Балдовци и Дабиле, а во наредните денови тоа ќе се направи и во останатите населени места.
Истовремено, дезинфекција се изврши и на пазарот за земјоделски производи „Чешел“, управната зграда на „Комуналец“ и на четири наплатни центри, а во наредните денови планирани се пазарот во ГТЦ Глобал, пазарот на големо и сточниот пазар.