Се врши дезинфекција на училиштата и градинката

Се врши дезинфекција на училиштата и градинката

Општина Струмица продолжува со спроведувањето на превентивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните од болеста Covid-19. Паралелно со дезинфекцијата на улиците, јавните површини и пазарите, се врши и вонредна дезинфекција на сите основни и средни училишта и на сите клонови на градинката „Детска радост“ во градот и населените места.