Се прошируваат превентивните мерки за заштита од корона вирусот

Се прошируваат превентивните мерки за заштита од корона вирусот

Општина Струмица ги проширува превентивните мерки за заштита од корона вирусот. Мобилните тимови на општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска ги затворија сите детски игралишта, спортски терени и летниковци во паркот и пред станбените објекти кои ги користат граѓани од сите возрасни групи.
Почитувани сограѓани, воздржете се од користење на овие површини и објекти, така ќе го заштитите вашето и здравјето на вашите најмили.