Решение за свикување на четириесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08 – 1015/1, 17.02.2021 год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Решение за свикување на четириесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и четвртата на Советот на општина Струмица за ден 24.02.2021 година (среда).
Четириесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I
Усвојување на записникот од 43 седница на Советот на општина Струмица

II
Д н е в е н р е д

1. Известување за отсуство од три седници по ред на член на Советот на општина Струмица;
2. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на објект – Училишна спортска сала со отстапување на опрема и инвентар на ООУ „Никола Вапцаров” – Струмица;
3. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за изведба на две сервисни улици и изградба на фекални колектори во месноста Софилар- Струмица;
4. Предлог-Одлука за доделување парична помош на Сузана Таушанова од Струмица;
5. Предлог-Одлука за отуѓување на моторни возила;
6. Предлог – Одлука за донесување на Социјален план на Општина Струмица (2021-2024);
7. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од блок 2 УЕ 1 во град Струмица (плански период 2019-2024);
8. Предлог – Одлука за донесување Урбанистички план вон населено место за КП1481, КП1480, дел од КП1483/1, КП1483/2, КП1483/4, КП1483/5, КП1483/6, КП1483/7, КП1483/13, КП1476/1 и КП1477 КО Градско Балдовци;
9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1213 КО Банско;
10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1577/1 и КП. бр. 1577/2 КО Добрејци;
11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1177 KO Просениково;
12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3537 KO Куклиш;
13. Предлог – Програма за дополнување на Програмата изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;
14. Измена и дополнување на Годишен план за вработување на ЈП „Струмица гас – Струмица” Струмица за 2021 година;
15. Барање согласност за обезбедени финасиски средства за пополнување на работни места согласно Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување на ЈП „Струмица-гас” Струмица за 2021 година;
16. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за периодот I-XII месец 2020 година;
17. Ценовник за вршење на работи на ЈПКД “Комуналец” Струмица за 2021 година;
18. Одлука на УО на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за изгубени приходи поради одјава на фирми за месеците во април и мај 2020 година;
19. Одлука на УО на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за изгубени приходи поради неработењето на пазарот во ТЦ ,,Глобал“ за месеците во април и мај 2020 година;
20. Одлука на УО на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за изгубени приходи поради неработењето на пазарот „Чешел“ за месеците во април и мај 2020 година; и
21. Одлука на УО на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за ослободување на коминтенти кои не функционирале во месеците април и мај 2020 година.

Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски