„Комуналец“ го реши проблемот со поплавувањето на патот во Дабиле

Проблемот со поплавувањето на патот кон Берово, а кој поминува низ населеното место Дабиле и им предизвикуваше проблеми на жителите е решен. Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ги заврши градежните работи.