Комисијата за општествени дејности при Советот на Oпштина Струмица, го распишa конкурсот за доделување на награди за литературен состав посветен на градот Струмица.
Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр.5/06) Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица, по повод 11 декември, денот на заштитниците на град Струмица “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” распишува:
КОНКУРС
за доделување на награди за литературен
состав посветен на градот Струмица
Со литературни творби (поезија и проза) посветени на градот Струмица, може да се конкурира во три категории и тоа:
1. Ученици од основните училишта
2. Ученици од средните училишта
3. Возрасни автори
За секоја од трите категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Наградите во категориите за ученици од основните и средните се состојат од диплома и вредносен предмет (книги).
Наградите во категоријата “возрасни граѓани” се состојат од диплома и паричен износ.
Литературните творби посветени на градот Струмица, во шифрирана форма, треба да се достават во 3 (три) примероци на адреса: Комисија за опшествени дејности при Советот на општина Струмица со назнака за литературна награда, во архивата на Општина Струмица, или по пошта на адреса: Општина Стрмица ул.”Сандо Масев” бр. 1.
Конкурсот трае заклучно со 25 ноември 2008 година. Творбите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
Дополнителни информации на тел: ( 034) 348-030,локал 105 и 106.
Комисија за општествени дејности
при Советот на општина Струмица