Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија” бр. Сл.в на РМ бр: бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15 129/15, 192/15 и 39/16), Општина Струмица, на ден 20.04.2018 година, донесе:
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ, План за управување со отпад на Општина Струмица кој го донесува Советот на Општина Струмица согласно Регионалниот план за управување со отпад на Југоисточниот плански регион усвоен од советот на општината со одлука бр. 08-8352/1 од 28.12.2017 година, даденото позитивно мислење по финалниот извештај за стратегиска оцена на животната средина од Министерството за животна средина и просторно планирање (Мислење бр.15-2166/2 од 30.05.2017 година) и Решение за одобрување на Регионалниот План за управување со отпад за ЈИПР со бр 11-1607 од 07.07.2017 година, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струмица: www.strumica.gov.mk.

Формуларот може да го симнете од следниов линк:
formular20.04.2018.pdf
[превземи]
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ План за управување со отпад на Општина Струмица нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планот е предвиден и анализиран при донесувањето на ГУП на Општина Струмица и Решение за одобрување на Регионалниот План за управување со отпад за ЈИПР со бр 11-1607 од 07.07.2017 година издадено од МЗЖСПП. Влијанијата на планот беа разгледани при донесувањето на Финалниот извештај за стратегиска оцена на животната средина од Министерството за животна средина и просторно планирање (Мислење бр.15-2166/2 од 30.05.2017 година)

4. Влијанието врз населението и човековото здравје е минимално и занемарливо. Влијанието врз квалитетот на амбиенталниот воздух, влијанието врз квалитетот на површинските и подземните води, влијанието врз почвата, влијанието поврзано со управување со отпад се исто така минимални и занемарливи. Позитивни влијанија ќе има врз социо-економската состојба на населението преку вработување и економска благосостојба.
5. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до министерот за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната.

ГРАДОНАЧАЛНИК
НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Коста Јаневски