На иницијатива на градоначалникот Јаневски ќе се пробиваат патишта до нивите во атарите на населените места

Иницијативата на градоначалникот Коста Јаневски, а произлезена од заедничките средби со жителите на населените места во општина Струмица, за пробивање на пристапни патишта до нивите, ќе се реализира. Откако во февруари годинава при посетата на селото Сачево, истата му беше пренесена на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, тој денеска на заедничката посета со градоначалникот Јаневски на селото Добрејци,