Комисијата за утврдување и процена на штети настанати од природни непогоди и други несреќи при Советот на општина Струмица, го изготви Извештајот за висината на штети од невремето на 07.07.2018 година и иститот ќе биде даден на усвојување на следната седница на Советот на општина Струмица. Претседателот на Комисијата, Ацо Ѓоргиев, на денешната прес конференција соопшти дека невремето предизвикало штета од 34.397.748,00 денари.