Претставници од две училишта и од општина Струмица на работилница за споделување на процедури и критериуми за одредување на потреби и приоритети за реновирање на училиштата

Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО), од компонентата 3 која се однесува на реновирањето на училиштата, претставници од општина Струмица и од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица и СОУ „Јане Сандански“ од Струмица,

присуствуваа на работилница за споделување на процедури и критериуми за одредување на потреби и приоритети за реновирање на училиштата. На работилницата посебен осврт беше даден на проценка на училишните објекти и критериуми за одредување на приоритети за реновирање, кои произлегуваат од идентификуваните состојби во кои се наоѓаат училишните објекти. Како стимул за училиштата да учествуваат во проектни активности за подобрување на меѓуетничката кохезија и развивање на демократските и граѓанските вредности помеѓу младите, МИМО ќе реновира училишта и ќе ги подобрува условите за учење. Дел од финансиските средства ќе обезбеди и општина Струмица, како учество на локалната заедница. Проектот го води Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) од Скопје.