Со последниот концерт на големата опен фест сцена на плоштадот „Гоце Делчев“ кој се одржа синоќа заврши седмото издание на Струмица опен фестивалот. Како и претходните две вечери, плоштадот беше преполн со луѓе кои одлично се забавуваа и уживаа во настапите на Црвена Јабука, Дубиоза колектив, Саша Ковачевиќ и ASTRA-ION PROJECT. Годинашното издание на Струмица опен фестивалот понуди квалитетна културно – забавна програма, а потврда за тоа е што сите настани кои што се одржаа на неколку локации во градот имаа рекорден број посетители од земјата и странство.