Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со осумте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 7542 ха.
Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Валандово и Дојран дека првото прскање е планирано да се изврши на 27.06.2019 година – четврток, во раните утрински часови, односно во период од 04:30 до 09:30 часот.
За граѓаните од општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село и Конче планирано е првото прскање да се изврши на 28.06.2019 година – петок, во истиот период, односно од 04:30 до 09:30 часот.
Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 28.06.2019 за општините Богданци, Валандово и Дојран, односно на 29.06.2019 година за општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село и Конче во истиот временски период.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.