Решение за свикување на дваесет и петтата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08-52061, 03.07.2019 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување дваесет и петтата седница на Советот на Општина Струмица
Ја свикувам дваесет и петтата седница на Советот на општина Струмица за ден 10.07.2019 година(среда).
Дваесет и петтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:
Дневен ред
1. Предлог – Одлука за изготвување на пречистен текст на Статутот на општина Струмица;
2. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Блок 14, дел од У.Е.2, Блок 14, согласно ГУП измена и дополна, Општина Струмица;
3. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од блок бр. 22 (УЕ 2 , блок бр. 13 согласно ГУП ) измена и дополна – Општина Струмица;
4. Предлог – Одлука за утврдување режим на сообраќај на делница (КП.бр.5594 во КО Струмица) за приклучок на јавен пат од Автодром (Полигон) за оспособување на кандидати за возачи за „А“, „А1“, „Б“, „Ц“, „Ц1“, „Д“, „Д1“, „Ф“ со сите подкатегории и внатрешно сообраќајно уредување на истиот;
5. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019 година;
6. Предлог – Одлука за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ „Детска радост“- Струмица;
7. Предлог – Решение за именување на членови во Надзорен одбор за внатрешна контрола на работењето на ЈОУДГ „Детска радост“- Струмица
8. Одлука за промена на Статутот на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
9. Правилник за внатрешна организација на работни места во ЈОУДГ „Детска радост“- Струмица;
10. Правилник за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Детска радост“- Струмица;
11. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2018 година;
12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 6723 КО Вељуса;
13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1563 и КП бр. 1564 КО Дабиља; и
14. Предлог – Одлука за утврдување неисполнети услови за донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП 8018/1, 7152/1 КО Струмица.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Maрјан Даскаловски с.р.