Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ врши пролетно обележување на хоризонталната сигналзиација во градот. За прв пат оваа активност претпријатието ја врши самостојно и машински.Бидејќи, децата и нивната безбедност во сообраќајот се приоритет за „Паркиралишта Струмица“, обележувањето на хоризонталната сигнализација почна пред основните и средните општинските училишта. Од претпријатието изјавија дека обележувањето ќе продолжи на разделните, осовинските и стоп линиите, пешачките премини и рабниците на тротоарите на булеварите и останатите улици на градот.