Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска ја средува трим патеката од Ловен дом до манастирот „Св. Илија“. Вкупно 14 вработени во работната единица „Чистота“ ги чистат наносите и ја косат тревата по целата должина на патеката. Ова е традиционална акција која се реализира секоја пролет и има превентивна цел – поголема безбедност на граѓаните кои ја користат патеката од змии кои се појавуваат во овој период со покачувањето на температурата.