Паралелно со привршувањето на активностите за уредување на Булеварот Маршал Тито со тротоари, жардинерии и фонтани, од оваа недела на булеварот се посадени 30 палми кои и даваат посебен медитерански лик на Струмица. Завршувањето на активностите за уредување на Булеварот Маршал Тито ќе се означи со пуштање во функција на две модерни фонтани со водоскок по должината на булеварот.