Поради невремето во Скопскиот регион во кое животот го загубија дваесетина граѓани, откажана е вечерашната и утрешната програма на Струмица опен фест.
Томи Печков претседател на здружението „Културен забавен живот“ на вечерашната прес конференција информираше дека наместо предвидените програмски активности, бината во Паркот ќе служи како место за собирање на донации од страна на сите хумани граѓани на општина Струмица за семејствата за загинатите на кои оваа помош им е повеќе од неопходна, а во акцијата ќе се вклучат и спонзорите на Струмица опен фестивал.