Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска е со граѓаните од поплавените подрачја. Сочувствувајќи со нивната болка им ја подаде раката за помош и заедно ги расчистуваат поплавените домови.
Во санирањето на последиците од невремето, учествуваат и околу стотина вработени од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Противпожарната единица и специјални возила кои во поплавените подрачја пристигнаа во претпладневните часови.