Општина Струмица испрати помош во подрачјата погодени од невремето што ги зафатија скопскиот и тетовскиот регион. Уште во раните утрински часови заминаа околу стотина луѓе и специјални возила од
Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица.Согласно одлуката која што ќе биде донесена на вонредната седница на Советот на општина Струмица, а која е свикана на предлог на градоначалникот Зоран Заев, во текот на денот ќе биде испратена и дополнителна помош.Градоначалникот Зоран Заев, денеска ќе биде со граѓаните од погодените подрачја.