Државното и општинското знаме се спуштени на половина копје на општинската зграда, на институциите под нејзина ингеренција и јавните места. Општина Струмица сочувствува со семејствата на жртвите, но истовремено, ја понуди и својата помош за погодените жители од поплавените региони.
Околу стотина луѓе и специјални возила на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Противпожарната единица се веќе на терен во погодените подрачја, а со нив е и градоначалникот Зоран Заев.Советот на општина Струмица на денешната вонредна седница донесе одлука за помош на настраданите во висина од еден милион денари од буџетот на Општината. Вонредната седница се одржа на иницијатива на градоначалникот Заев.