Согласно Одлуката донесена на вонредната седница на Советот на општина Струмица која што се одржа на иницијатива на градоначалникот Зоран Заев, општина Струмица, денеска, испрати хуманитарна помош во поплавените региони во висина од еден милион денари. Претседателот на Советот, Јосиф Христов, информираше дека помошта се состои од вода за пиење, конзервирана храна, средства за лична хигиена и друг вид помош согласно одлуката на Советот.
Општина Струмица досега многу пати ја докажала својата хуманост и солидарност, сочувствувала со болката и страдањата на граѓаните и ја подавала својата рака за помош. Така и денеска, испрати помош за граѓаните во поплавените региони од невремето на 6 и 7 август 2016 година.Согласно, Одлуката на Советот на општина Струмица, донесена на вонредната седница која што се одржа во понеделникот, а на иницијатива на градоначалникот Зоран Заев, со која од општинскиот буџет се издвоија еден милион денари за помош на настраданите, во претпладневните часови од Струмица тргна хуманитарната пратка во подрачјата на кои помошта им е неопходна и ќе биде предадена на одговорните лица во републичкиот Црвен крст.Имајќи ги во предвид неопходните потреби на граѓаните во вакви прилики, општина Струмица набави вода за пиење, конзервирана храна и средства за лична хигиена, како друг вид помош согласно донесената одлука. Веруваме дека оваа помош ќе биде добредојдена за граѓаните кои деновиве се справуваат со последиците од невремето.Истовремено, ја користам приликата да ги информирам граѓаните и правните субјекти дека општина Струмица ја продолжува хуманитарната акција за собирање помош за настраданите. Сите кои што сакаат да помогнат тоа можат да го направат во просториите на домот на АРМ секој ден до петок од 8 до 21 часот.Покрај овој вид помош, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Противпожарната единица на Струмица со околу стотина луѓе и специјални возила заедно со градоначалникот Зоран Заев, се на терен и им помагаат на луѓето во расчистување на нивните поплавени домови и подрачја.Почитувани сограѓани,Апелирам до Вас, пред се како човек, да им помогнеме на луѓето од поплавените региони, со вода, конзервирана храна и средства за лична хигиена. Ние, струмичани, тоа безброј пати досега сме го направиле. Да ја потврдиме уште еднаш, нашата хуманост и солидарност, изјави Христов.