Успешното партнерство помеѓу Општина Струмица и граѓаните, резултираше со уште едно убаво и корисно дело, овој пат во Свидовица. Граѓаните од ова населено место деновиве добија пријатно катче за одмор и релаксација кое е изградено во центарот на селото.
Станува збор за уреден парк со летниковец, како еден од низата такви, изградени во градот и населените места во општина Струмица. Од мај, кога започна реализацијата на овој проект, до сега, изградени се 18 летниковци, од кои 12 во Струмица и шест во населените места Просениково, Добрејци, Водоча, Градско Балдовци, Сачево и Свидовица. Општината со куќните совети и месните заедници потпиша меморандум за соработка за чување и одржување на летниковците, за истите да им служат и на следните генерации. Инаку граѓаните на Свидовица, не криејќи го задоволството од уредениот парк и изградениот летниковец, изразија благодарност до градоначалникот Зоран Заев и Општина Струмица. Изградбата на летниковец во градот и населените места ќе продолжи и во наредниот период.