Општина Струмица, денеска, го одбележа Денот на независноста на Република Македонија. Пригодната свеченост се одржа пред споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад, пред кој свежо цвеќе положија градоначалникот Зоран Заев, претставници на Советот на општина Струмица, јавни институции, политички партии и здруженија. Зборувајќи за значењето на овој историски ден за Република Македонија, градоначалникот Заев порача дека време е да ја видиме Македонија сплотена, просперитетна, економски напредна и целосно интегрирана во ЕУ и НАТО.