Алпинистката Билјана Серафимовска која неодамна, како членка на десетчлена меѓународна алпинистичка експедиција го искачи највисокиот африкански врв (5895 метри) на Килиманџаро, денес беше примена во Општина Струмица од страна на градоначалникот Зоран Заев.
На приемот, градоначалникот Заев и го честита на Серафимовска спортскиот подвиг потенцирајќи дека таа е гордост на Струмица и истакнувајќи го неговото задоволство и задоволството на Општина Струмица што цели десет години, континуирано го поддржуваат нејзиниот растеж во алпинизмот и освојувањето на планинските врвови во Европа и светот. Серафимовска ги сподели со градоначалникот Заев нејзините искуства од освојувањето на Килиманџаро и изрази благодарност за повеќегодишната поддршка од градоначалникот и општината, истакнувајќи дека нејзиниот успех е успех и на Струмица.Во знак на благодарност за поддршката, Серафимовска му подари на градоначалникот Заев уметничка слика од Африка со претставени белези од животот на црниот континент и мотив од Килиманџаро.