Градоначалникот Зоран Заев денес прими делегација од Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков‘‘ предводена од директорот на фестивалот Ване Ристов Патриков и селекторот Благоја Стефановски, а во која уште беа и првата сопруга и ќерката на Ристо Шишков, Зоица Пуровска Велевска и Јана Шишкова, како и гости – учесници на фестивалот од Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Посакувајќи им добредојде на гостите и запознавајќи ги со спецификите на општината, градоначалникот Заев го изрази задоволството од успешниот тек на 24. издание на ФКТ ,,Ристо Шишков‘‘ и неговиот оптимизам за понатамошен растеж на оваа манифестација.Гостите на приемот, не криејќи го задоволството од учеството на фестивалот и престојот во Струмица, не ја пропуштија можноста да изразат комплименти за успешното фестивалско издание и за заложбите што општина Струмица и градоначалникот Заев ги прават за континуиран напредок на овој меѓународен театарски фестивал посветен на актерот.