Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, го означи стартот на кампањата
„LIVE YOUR GOALS“ или „Живеј ги своите цели“, проект, кој што го реализираат ФИФА и Фудбалската федерација на Македонија со поддршка на општина Струмица. Покрај претставниците на реализаторите на кампањата и влубениците во спортот, фудбалското игралиште со вештачка трева во Струмица го наполнија 160 девојчиња на возраст од 7 до 12 години од Кратово, Кочани, Штип, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица. Посакувајќи им убави доживувања во дружењето со фудбалската игра, градоначалникот Заев рече дека тој и Општината, како големи поддржувачи на спортот, даваат континуирана поддршка во развојот на женскиот фудбал во Струмица.Младоста и спортот отсекогаш биле во цврста и нераскинлива врска.