Со громогласен аплауз првачињата од основните општински училишта го поздравија градоначалникот Зоран Заев, денеска, во центарот за култура „Антон Панов“ на нивниот прием во Детската организација. Заедно го споделија овој прекрасен момент упатувајќи си искрени ветувања, првачињата дека ќе бидат вредни ученици, а Градоначалникот дека тој и општина Струмица како и досега вистински ќе се грижат за условите во кои ќе се одвива нивниот воспитно – образовен процес. Тој во своето обраќање потенцираше дека ќе се залага за промени во образованието кои ќе значат вистинско учење и знаење на децата, наместо трка по оценки и тестирање, тоа, рече тој, е образование кое креира знаење, љубов кон учењето, вештини и учење за животот.