Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска организираше прием за дел од првачињата од основните општински училишта. Овој прием е традиционален и во кабинетот на Градоначалникот се одржува по приемот на првачињата во Детската организација.Приемот помина во пријатна и опуштена атмосфера во која првачињата и Градоначалникот разговараа за почетокот на учебната година, за тоа колку и што научија, за домашните миленичиња и слободното време. Исто така, со голема радост првачињата ги рецитираа научените песнички, а градоначалникот Заев им посака успех во учењето и среќно и весело детство.