Откако во изминатиот период во некои од детските паркови беа направени штети на играчките, општина Струмица од денеска во акција за санирање на штетите, а со цел зголемување на безбедноста на децата во нивните омилени катчиња за игра. Екипа на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска работеше во големиот градски парк, на дел од играчките штетите се санираа и тие повторно се во функција, на други се извадија делови поради нивната нефункционалност, а дел од нив и се бојадисуваа.
По големиот градски парк ќе се интервенира уште во четири детски паркови во градот и во населеното место Добрејци.Општина Струмица им благодари на граѓаните за соработката кои уште еднаш потврдија дека се вистински партнери во нејзиниот развој, а посебно во грижата за најмладата популација.Инаку, во тек е тендерската постапка со која општина Струмица планира да изврши реконструкција на детските паркови во градот и населените места.