Во спортската сала на средното општинско училиште „Никола Карев“, денеска, започнаа 17-те Отворени забавни фудбалски школи во Струмица, од кои 10 години по ред се финансирани од буџетот на општина Струмица. Повеќе од 200 деца на возраст од 7 до 13 години од основните училишта во Струмица учествуваат во овој проект без разлика на полот и нивното фудбалско знаење.