Почитувани православни христијани
Предвесникот на Христовото раѓање – Бадник и Рожденството Христово – Божик, како едни од најторжествените празници во календарот на нашата Вера, нека бидат благословени зраци кои ќе донесат светлина и топлина во Вашите домови. Радоста, среќата и семејната хармонија нека ја опкружуваат Вашата празнична трпеза, а срцата и душите нека Ви бидат полни со богољубие, човекољубие и правдољубие. Време е за милосрдие, проштевање и подадена рака кон ближниот свој. Време е во мир, спокој и радост да ја дочекаме убавата вест за Христовото раѓање, кое ќе значи повторно раѓање на добрината, насмевката и убавиот збор меѓу сите возљубени чеда во Христа. Со вера, љубов и надеж нека бидат кажани зборовите на нашето меѓусебно празнично честитање: “Христос се роди – навистина се роди”.
За многу години да Ви биде празнувањето и радувањето.