„Струмичкиот карневал е препознатлива манифестација во светска рамки, а општина Струмица како членка на FECC се наоѓа на мапата на карневалските збиднувања во Европа и светот“, рече вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, на приемот кој што се одржа пред почетокот на интернационалната поворка. На овој традиционален прием присуствуваа, претставници на дипломатскиот кор во државата, претставници на карневалските групи од странство, поддржувачи и пријатели на карневалот.
Посакувајќи им срдечно добредојде и заблагодарувајќи им се за поддршката на оваа вековна традиија, Костадинов на сите гости им посака пријатен престој во Струмица.Струмица и струмичани се особено горди што ја чуваат, негуваат и продлабочуваат традицијата на своите дамнешни предци која со многу љубов се пренесувала од колено на колено, од генерации на генерации, се со цел до ден денешен да опстане успешно во својата реализација. Јас се надевам дека сите вие добро ќе си поминете вечерва, се ќе помине во духот на карневалот, тоа што посебно сакам да го споменам е дека струмичкиот карневал е препознатлива манифестација во светска рамки, а општина Струмица како членка на FECC се наоѓа на мапата на карневалските збиднувања во Европа и светот. Ако велиме дека споделената радост е поголема радост, тогаш искрено од срце ви благодарам што вие сте вечерва овде присутни , заедно да се радуваме на оваа убава манифестација наречена струмички карневал, рече Костадинов.На приемот, домаќините и гостите си разменија пригодни подароци во знак на взаемната почит долгодишното пријателство.