На 05.04.2015 година (недела) во хотелот „Тивериопол“ со почеток во 11 часот по десетти пат ќе се одржи хуманитарната акција „Од децата за децата“. Учениците од основните училишта во општината и дечињата од градинките, изработија ракотворби со велигденски обележја, кои ќе бидат изложени на продажни штандови во хотелот „Тивериопол“.
Со собраните средства од продажбата ќе бидат обезбедени прехранбени пакети за 100 деца кои потекнуваат од ранливи категории на граѓани (деца без родители, деца со еден родител и деца од сиромашни семејства), а кои ќе им бидат доделени на 8 април.Организатор на манифестацијата е Организацијата на жени од Струмица, а покровител на истата е градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.