Почитувани сограѓани од католичка вероисповед,
Од мое лично име и од името на вработените во општинската администрација, Ви го честитам највозвишениот христијански празник – Велигден, со желба за душевен мир, благосостојба и хармонија во Вашите семејства. Христовото Воскресение како
најголемо чудо над сите чудеса, беше, остана и ќе остане за вечни времиња, да биде најубавиот смисол на љубовта, надежта и верата, и цврст темел на постоењето на Христијанството.Во тоа име, богољубието, човекољубието и вистинољубието нека бидат најсилната симбиоза на човековото живеење, како услов за враќање на веќе подзаборавените општочовечки вредности.
Нека Ви е благословено и вековито празнувањето.