Ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „Вера Циривири“

Поради дефект на водоводна цевка ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „Вера Циривири“ на потегот од улицата „Крсте Мисирков“ до улицата „Невена Стојкова“. Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека прекинот ќе трае од 9,00 до 11,00 часот.