Поради дефект на водоводна цевка ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „Маршал Тито“ на потегот од улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ до улицата „Крушевска Република“. Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека прекинот ќе трае од 11,30 до 14,00 часот.