Вработените во единицата „Зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почнаа со обновувањето на цветните површини во градот. На одредени површини во големиот градски парк, околу палмите на булеварот „Маршал Тито“ и на булеварот „Ленинова“ засадено е ново сезонско цвеќе. Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“ во досегашното обновување засадени се шест илјади садници на тегетес и винка, а истото ќе продолжи и на останатите површини во градот.