Со проекција на наградените филмови, синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ заврши единаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Од 27 мај до синоќа љубителите на филмската уметност уживаа во богатата програма на овогодинешното издание на фестивалот кој ја почна втората деценија од своето постоење
.Жири комисијата ги прогласи најдобрите филмски изданија во повеќе категории. Наградата „Најдобар краток филм“ му е доделена на филмот „Случајно“, во режија на Жора Крижовников од Руската Федерација. Главната награда за најдобар анимиран филм на 11-тото издание на Астерфест, жири-комисијата му ја додели на филмот „Сладок кожурец“, во режија на Матео Барнар, Матијас Бриже, Жонатан Дире, Манон Марко и Кентен Пуираво, од Франција. Наградата „Златна потковица“ му припадна на филмот „Како сакате“ на режисерката Паула Онет од Романија. Наградата „Ѓорѓи Абаџиев“ за најдобро сценарио му е доделена на филмот „Повеќе од два часа“ на режисерот Али Азгари од Иран. Наградата, пак, „Ацо Алексов“ за најдобар автор ја доби режисерот Мет Киркби од Велика Британија за филмот „Телефонски повик“.Специјалната награда „Старозлатен проектор“ ја доби филмот „Пештерата“, во режија на Ахмед Гонеими, во египетско-македонска копродукција.Со наградата „Најдобар краток филм“ на 11-тото издание на Астерфест се закити филмот „Случајно“, во режија на Жора Крижовников од Руската Федерација.Според директорот Горан Тренчовски „Астерфест“ и годинава ги исполни очекувањата, го потврди својот стабилен концепт и во таа насока треба да се развива и во иднина, собирајќи автори од сите светски меридијани.Градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица и годинава финансиски го поддржаа фестивалот.