Јавното претпријатие за комунални дејности ,,Комуналец,, денес започна со поставување на урбана опрема долж булеварот ,,Гоце Делчев,, . Според зборовите на директорот на ,,Комуналец,, Зоран Георгиев, станува збор за активност на поставување штитници на дрвјата од дрворедите на овој булевар, поставување современи канти за смет, како и клупи за починка на граѓаните.
Со тоа, според Георгиев, булеварот ,,Гоце Делчев,, кој досега беше единствениот булевар во градот без таква урбана опрема, е овозможено да добие нов имиџ, а истовремено и да ги задоволи и неопходните потреби и барања на граѓаните. Првиот човек на ,,Комуналец,, апелира до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема од евентуално уништување од несовесни поединци. Инаку, урбаната опрема ќе биде поставена на потегот од кружниот тек кој го поврзува булеварот ,, Гоце Делчев,, со булеварот ,, Маршал Тито,, до семафорите кај ,,Жито Струмица,, .