Денеска и утре во трите средни општински училишта се врши второто пријавување и запишување на учениците во прва година за новата 2015/2016 година во јунскиот уписен рок.
Сите училишта се подготвени за второто пријавување и досега не се регистрирани никакви проблеми.По првото пријавување во трите средни училишта се запишаа вкупно 755 ученици, а останаа 493 слободни места. Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ има 119 слободни места и тоа 58 за гимназиско образование и 61 за економската струка. Во СОУ „Димитар Влахов“ останати се 164 слободни места во сите струки освен во здравствената во која се пополнети сите три паралелки и во СОУ „Никола Карев“ слободни места има уште за 244 ученици во сите струки.Резултатите од денешното и утрешното пријавување ќе бидат објавени на први јули.