Денеска заврши второто пријавување во јунскиот уписен рок за запишување на учениците во прва година во средните општински училишта. Во средното општинско училишта „Јане Сандански“ за гимназиско образование се пријавиле 15 ученици, а за економски техничар 2 ученика. Во СОУ „Димитар Влахов“ во сите струки и занимања се пријавиле вкупно 33 ученици, а во СОУ „Никола Карев“ во сите струки се пријавиле 60 ученици (непополнети се паралелките за рударски техничар, електромонтер и машинист).Резултатите од второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе бидат објавени утре.