Претставници на општина Струмица предводени од секретарот Кирил Парталов, денеска, положија свежо цвеќе на местото на хеликоптерската несреќа која што лани се случи во индустриската зона „Север“, а по повод годишнината од оваа трагедија.
На одбележувањето на годишнината од несреќата присуствуваа и членови на семејствата на загинатите пилоти Драган Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков.