Во градинката „Детска радост“ клон 6 што се наоѓа до општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица започнаа активностите за адаптација на две простории за престој на децата, а кои досега имаа друга намена.
Со оваа адаптација ќе бидат создадени соодветни услови за згрижување и воспитување на децата.Зголемениот број барања во овој период е причината поради која се врши оваа адаптација. Покрај веќе примените 140 деца, доставени се пријави за нови 65 деца, поради што раководството на градинката и градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, одлучија да го преадаптираат просторниот капацитет за да ги задоволат барањата на родителите.