Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска ја довршуваше работата околу потпорниот ѕид во поројот „Крушевска Република“ на кружниот тек кај ЕВН. Имено, се пополнуваше празниот дел, а се поставија и рабници на коловозот.
Оваа интервенција беше неопходна, бидејќи камениот ѕид беше поткопан и постоеше опасност од поткопување на улицата што би предизвикало уште поголема опасност.Овој потпорен ѕид е изграден минатиот месец, а пред него се направени уште два на овој порој.