Синоќа во амфитеатарот во големиот градски парк на свечен начин им беа врачени дипломите за завршено средно образование на учениците од средното општинско училиште „Никола Карев“ од генерацијата 2011-2015 година.
На 99 ученици им беа доделени дипломи за завршена државна матура, на 117 ученици за завршен испит – четврти степен и на 34 ученици им беа доделени дипломи за завршен испит-трет степен.Вакво свечено доделување на дипломите се одржа за прв пат и истото побуди прекрасни чувства кај учениците, родителите и наставниот кадар на училиштето. Вечерва кај фонтаната на градскиот плоштад со почеток во 20 часот ќе се одржи свечено доделување на дипломите на учениците од средното општинско училиште „Јане Сандански“.