Поради отстранување на дефект во водоводната мрежа прекинато е водоснабдувањето на улиците „Гоце Делчев“ на потегот од булеварот „Маршал Тито“ до „Климент Охридски“, на „Ѓорѓи Трајков“ и на улицата „Младинска“ на потегот од улицата „Гоце Делчев“ до улицата „Ѓорѓи Трајков“. Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека дефектот ќе биде отстранет до 12 часот.