Уште една прекрасна вечер приредија организаторите на четвртото издание на „Струмица опен фест“, особено за љубителите на фолклорот и афоризмите. Во паркот покрај езерцето дел од своето богато творештво презентираа познати афористичари од Македонија,
а на сцената во дворот на АРМ и во амфитеатарот настапија ансамблот „Тримери“ и „Распеани струмичани“. Вечерва на фестивалската програма се трката на келнери која што ќе се одржи во градскиот парк, фестивалот на лица со телесен инвалидитет на сцената во дворот на АРМ и вечер на филмот во амфитеатарот.