Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во раните утрински часови дислоцира дел од урбаната опрема на плоштадот „Гоце Делчев“ со што го ослободи просторот за монтирање на музичката сцена и шанковите.
Во текот на денот интензивно се работеше на нивно монтирање со цел истите навремено да бидат подготвени за последните три музички вечери на најголемата културно – забавна манифестација „Струмица опен фест“кога и се очекува најголем посетители.На големата музичка сцена ќе продефилираат младите струмички таленти, Данијела Мартиновиќ, Слаткаристика, Mossel, Трио гранде, Кристина Арнаудова Тропико бенд, Харис Џиновиќ, Tom Novy, Либеро, Јупитер, Маид Хечимовиќ, Петар Грашо, ROMEO BLANCO.Трите музички вечери ќе се одржат на 14, 15 и 16 август.